Компанија
Профил на компанијата
Компанијата GALANOS SA со седиште во Волос е специјализирана за производство на машини за обработка на бетонско железо. Од основањето во 1976, примарна цел на компанијата е веднаш и директно задоволување на потребите на клиентите, не само преку понуда на најсоодветни машини за нивна потреба, туку и преку обезбедување на одлична постпродажна поддршка. Преку нашето долгогодишно искуство во производството на машини за бетонско железо, можеме да се пофалиме со одлична технолошка инфраструктура и високообразовани вработени, што ни дава предност во нудењето на нови револуционерни методи кои соодветствуваат на повеќето специјализирани потреби, во конкурентна комбинација на цена и квалитет.Историјат
Компанијата се наоѓа во А' Индустриската зона на Волос и од нејзиното основање во 1976 покажува постојан развој, зголемувајќи ги својот пазарен удел не само на Балканот, туку и на светскиот пазар.Нашите производи
Разновидноста на нашите машини го покрива целиот спектар кој се однесува на обработката на бетонско железо, а тоа соодветствува со побарувачката во нашиот сектор. Ние произведуваме машини за рачно ракување, полуавтоматски и потполно автоматски машини врз база на технологија на иднината. Сите автоматски решенија функионираат со помош на компјутер и софтвер, што е резултат на нашето истражување и развој. Накусо, произведуваме машини за исправање, виткање и сечење на железни шипки, машини за собирање на готови производи, машини за обликување мрежа и машини за заварување на узенгии. Нашите машини ги исполнуваат сите потребни спецификации и сертификати за заштита и безбедност важечки во земјите на Европската Унија (СЕ). На крајот, машините кои ние ги произведуваме обезбедуваат квалитативно и квантитативно производство кое потполно одговара на барањата на модерниот пазар.Техничка поддршка
Сакаме да се осигураме дека нашите машини секогаш го даваат максимумот. Затоа, екипа од искусни техничари ви стои на располагање за монтажа, обука и сервис.













